Кризен штаб во Маврово и Ростуше, заболени и сомнителни на корона нема

Локалниот совет за превенција на Општина Маврово и Ростуше се трансформира и ќе работи како Кризен штаб за заштита од настанатата ситуација со коронаврусот.

Советот апелира граѓаните строго да ги почитуваат препораките од надлежните и ги известува сите лица кои доаѓаат од високо и средно ризичните земји (Италија, Германија,…) да се самоизолираат во период од 14 дена, како и телефонски да ги известат своите матични лекари или Здравствениот дом во Ростуше за здравствената состојба.

-Полициските одделенија во Ростуше и Маврови Анови и полциската станица Жировница да вршат подетална контрола на сите возила и лица кои влегуваат на територијата на Општина Маврово и Ростуше. Од страна на полциските службенци да се врши построга контрола кон лицата кои не ги почитуваат препораките за 14 дневна самоизолација,се дел од заклучоците што штабот ги донесел. Граѓаните да седат дома и без итна потреба да не излегуваат, наведува Кризниот штаб.

Дадени се насоки на претседателите на месните заедници од сите населени места како да постапуваат за што поефикасно справување со опасноста од корона вирусот.

-Ќе се оддржува постојан контакт со Оперативниот штаб во Дебар и Крзниот штаб во Центар Жупа за да се опслужат нашите граѓани кои во моментот се наоѓаат во Дебар, како и со нашите жители кои живеат во населените места Росоки, Лазарополе, Селце и Тресонче кои се дел од нашата општина, а физички не сме во можност сами да ги опслужиме од оправдани причини. Направен е контакт со пекара од Гостивар за секојдневен дотур на леб до продавниците во нашите населени места, истакнуваат од Крзниот штаб.

Посочуваат и дека е формиран тим од волонтери од сите населени места во општината за поддршка на Кризниот штаб за опслужување на лицата кои имаат каква било потреба, а формирани се и мобилни тимови за помош на стари и изнемоштени лица во општината.

Отворени се телефонските линии 071-519-711 и 075-540-316 за опслужување со потребни намирници и лекови за стари и изнемоштени лица.

Во Маврово и Ростуше засега нема заразени, ниту сомнителни слуачи на короноа вирус за разлика од соседните Дебар и Центар Жупа каде бројот на заразени е 16 лица, додека 45 се во самоизолација.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *