Во Дебар редовно се врши дотур на храна, лекови и други прозводи

Состојбата во општина Дебар е под контрола, редовно се врши дотур на прехранбени и други продукти, како и лекови. Место за паника нема. Се препорачува граѓаните и понатаму строго да ги почитуваат препораките на надлежните.

Ова на денешната прес-конференција го изјави градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука,кој раководи со општинскиот оператвен штаб.

Тој ифнормираше дека во домашна изолација се 45 лица, кои се котролираат дали ги почитуваат препораките, а за оние кои имаат потреба од набавка на одреден продукт, вклучена е општинската органзација на Црвен крст.

– Се уште во нашата општина се 110 лица од други градови од земјата, меѓу нив и странски државјанин кои биле на бањско лекување и рекреација. Сместени се во хотелите на „Дебарски бањи – Цапа“, а трошоците за тоа ќе ги плати Владата, рече Дука.

Посочи дека  во Општата болница во Дебар има посебен стационар каде моментно се сместени пет пациенти со лесна форма на коронавирус.

– Денеска ќе пристигне професор – инфектолог и епидемиолог од Скопје, а ние во Дебар имаме еден епидемилог, двајца инфектолози и микробиолог, кои заедно ќе работат во пружање потребна помош и справување со сосотојбата, додаде Дука.

Информраше дека продолжува редовната дезинфекција на јавните површни и објекти, како и миење на улиците во градот од страна на Јавното комунално претпријатие „Стандард“. Дезинфекција на возила на кои им се дозволува влез во градот вршат екипи на ДСЗ.

На проблем се пожалиле 20-тина сопственици на млечни крави, на кои по воведувањето кризна сосотојба млекото им останало неоткупено од фирмата која редовно вршела откуп, но сега не може да влезе во градот. Дука најави дека ќе сторат се во соработка со надлежните да се надмине проблемот.

Во врска со испораката на храна и лекови Дука информираше дека заинтерисираните треба да се јават на телефонскот број 046 831-051 на Регоналниот центар за управување со кризи во Дебар. Испораката ќе се врши секој ден од 8:00 до 14:00 часот, на начин определен со придружба од надлежните органи.

Снабдувањето на трговските објекти и аптеките се одвива нормлано и нема никаков недостиг.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *