Заклучоци од 17. седница на Владата на Република С. Македонија

 Владата на Република С. Македонија, на Седумнаесеттата седница, одржана на 12 март 2020 година, покрај усвоените заклучоци, мерки и препораки во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (коронавирус), заклучи:

– Да се спроведуваат препораки за казнивост согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик за сите физички и правни лица кои ги прекршуваат донесените решенија од страна на Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат и истите да се процесуираат до Јавното обвинителство на Република С. Македонија за да постапи согласно своите законски утврдени надлежности.

Воедно се задолжуваат Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд да ги преземат сите мерки и активности од своја надлежност за спроведување и операционализирање на сите мерки, препораки и насоки усвоени од Владата во врка со спречувањето на ширењето на коронавирусот СOVID-19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *