ДПА ги претстави кандидатите за пратеници на конвенција во Тетово

Демократската партија на Албанците (ДПА) на конвенција во Тетово ги претстави кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори. Оваа партија ќе има кандидатски листи во пет од шестте изборни единици. Претседателот на партијата Мендух Тачи е носител на листата со кандидати за пратеници во шестата изборна единица.

Лидерот на ДПА Мендух Тачи пред членовите истакна дека доколку овие пратеници успеат да бидат дел од Владата ќе работат на два концепти во економијата и достигнување на високо ниво на консензуална демократија.

-Пред 18 години Албанците во Македонија беа економски најмоќни од сите Албанци во регионот, а сега не е така. Мора да има буџет со рамномерна распределба, односно 30 отсто за Албанците. Во сите странски компании и корпорации кои функционираат тука мора да има задоволителна застапеност на вработени Албанци наместо досегашната практика да бидат по 2-3 отсто. Ќе се бориме за консензуалната демократија за да ги оствариме сите наши барања, истакна Мендух Тачи.

Во првата изборна единица носител на листата со кандидати за пратеници е Ниметула Демири, а во втората Орхан Ибрахими. Прв од кандидатите во третата изборна единица е Сами Рушити, додека во четвртата изборна единица ДПА нема да има кандидати. Во петтата изборна единица носител на кандидатската листа е Васви Доко.

„Доаѓа лето низ врата“ е мотото со кое ќе настапи ДПА на парламентарните избори.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *