ЕФСА: Не постојат научни докази дека храната е извор или преносител на вирусот корона

Во моментов не постојат научни докази дека храната претставува извор или преносител на вирусот корона, соопшти Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА).

Оваа информација ја сподели официјално и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на својата веб и фејсбук страница.

ЕФСА, како што наведува, будно ја следи ситуацијата во однос на појавата и ширењето на COVID-19.

-Искуствата од претходните појави на сродни корона вируси, како што е SARS-CoV и MERS-CoV, докажуваат дека не постои појава на ширење на вирусот преку конзумирање храна. Во овој момент, не постојат докази дека овој вирус во тој поглед се разликува од претходните вируси.
Научниците и надлежните органи ширум светот го следат ширењето на вирусот и до сега не постојат извештаи дека се шири преку храна, вели Марта Хугас, главен научник во ЕФСА.

Во однос на безбедноста на храната, Светската здравствена организација (WHO) објави препораки и мерки на претпазливост за следење добри хигиенски пракси за време на ракување со храна: миење раце, соодветна термичка обработка на месото и избегнување вкрстена контаминација меѓу зготвената и незготвената храна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *