Кристијан Тимоние, амбасадорот на Франција смета дека граѓаните треба да бидат поактивни во процесот на реформите и да излезат помасовно на претстојните избори. Тој по неговата посета на општина Гостивар најави дека претстојната кампања и парламентарните избори ќе бидат будно следени.
Тимоние оствари средба со гостиварскиот градоначалник Арбен Тарвари на која, како што рекоа двајцата разговарале за актуелните состојби во општината и предизборните активности.
– Овие избори ќе бидат предизвик за да консолидира сликата и угледот на Република Северна Македонија, и можност да се покаже дека во оваа земја се почитуваат критериумите за фер и демократски избори. Тоа ќе биде основата за одење по европскиот пат. Се надевам дека и кампањата ќе се одвива според тие критериуми што ќе биде важно за ставот на нашата земја. Од тие причини однесувањето на политичките партии треба да се покаже на терен, бидејќи ние одблиску ги следиме сите активности.Ова е особено значајно, бидејќи во земјава започнат е процесот на реформи. Од овие причини значајно поактивно учеството на граѓаните, бидејќи на тој начин тие ќе дадат и легитимност на институциите и процесите, рече Тимоние и упати покана за поголема излезност на изборите.
Таравари искажа согласување во делот на изборите дека Македонија треба да покаже има капацитетите да ги спореведе во најдобар ред, бидејќи како што нагласи, тие се испит што треба да се помине со успех.
На новинарско прашање дали ќе се најде на некоја од листите со кандидати за пратеници, тој рече дека нема да биде, иако дел од членството тоа го барале.