Општина Тетово презема мерки за спречување на ширење на коронавирусот

Во Општина Тетово е одржан состанок за координирање на потребните активности поврзани со конкретни мерки за спречување на ширење на вирусот корона на територијата на општината. На координативниот состанок се донесени повеќе одлуки.

– Во петок ќе се започне со дезинфекција и дератизацијат како превентивна мерка на територијата на општина Тетово. Во следните денови ќе се започне со дезинфекција на јавни места и објекти со хемиска супстанција која не е штетна по здравјето на луѓето. Ќе се формира кризен штаб , составен од претставници од Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Центарот за јавно здравје, ЈКП Тетово, Клиничкиот центар и Секторот за внатрешни работи во Тетово, инфомираат од локалната самоуправа.

Според одлуката, штабот за итни случаи ќе ги координира потребните активности за управување со ситуацијата со ширењето на Корона вирусот.

– Тие активности се темелно чистење и дезинфекција на патиштата во градот. На граѓаните им се советува да избегнуваат престој во затворен простор, трговски центри, болници и градинки во овој период, наведуваат од општината.

Во Тетово за можните случаи со висока температура и типични симптоми на оваа болест  на граѓаните им се советува да не излегуваат од дома и итно да се јават на телефонскиот број на Центарот за јавно здравје во Тетово 075 240 464.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *