Пендаровски за ТВ Клан Македонија: „Преспа“ е завршена работа

Предизборната меѓуетничка коалиција на СДСМ и Беса е важен преседан во насока на јакнење на внатрешна кохезија во земјава, оцени меѓу другото претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за ТВ Клан Македонија.

Според Пендаровски, фактот што во 2016 година многумина Албанци гласаа за политичка партија со македонски предзнак, а потоа и за него како претседателски кандидат, е показател дека во земјата е направи крупен исчекор во јакнење на внатрешната кохезија. Во таа насока, тој ја гледа и предизборната коалиција меѓу СДСМ и Беса.

За шефот на државата Преспанскиот договор е завршена работа и покрај извесна бавност во спроведувањето, додека примената на Договорот за добрососедство со Бугарија, според него, не исклучува проблеми со оглед на усвоената декларација во Собранието во Софија која го оспорува македонскиот јазик и некои идентитетски одлики.

На прашањето зошто не се заложи за промена во делот на Уставот каде албанскиот јазик се опишува како јазикот на 20 отсто од населението, Пендаровски одговори дека нема никаков проблем да се именува албанскиот јазик како албански, без да се пишува јазикот кој го говорат 20 отсто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *