Зголемен дотек на вода во акумулацијата „Дебарско Езеро“

Обилните и интензивни врнежи од дожд, присутни на дебарското сливно подрачје, кое ги опфаќа реките Радика и Црн Дрим, го зголемија дотекот на вода во акумулацијата „Дебарско Езеро “ каде се наоѓа Хидроелектраната „Шпиље“.

-Во последните три дена дотекот во просек изнедува 54 кубни метри вода во секунда. Поголем дотек доаѓа од Црн Дрим или над 34 кубни метри, поради пообилните дождови во ова подрачје. Нивото на езерото изнесува 571,58 метри што е три метри над просекот за месец март, изјави за МИА, Тони Марковски, раководител на службата за производство на Хидероенергетскот систем (ХЕС) „Црн Дрим“,во чиј состав е и ХЕ„Глобочица“.

Според него во акумулацијата има резерва на вода за прозводство на 22 милиони киловат часови електрична енергија, што е над просечната вредност за овој период од годината.

-Од почетокот на годинава до денес прозведени се над 30 милиони квч електрична енергија, што е 50 отсто од планираното за овој период од годинава, додава Марковски.

Овој значаен електроенергетски објект работи според потребите на енергетскиот систем, а со навреме и успешно реализираните ремонти и ревизии на елекромашинската опрема, подготвен е да ја прими и преработи количината на вода што ќе пристигне и да работи под полн капацитет.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *