Зголемени количините на вода во акумулациите Липково и Глажња

Расте нивото на водата во акумулациите Липково и Глажња, информираа денеска надлежните од АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“, информираа денеска надлежните од претпријатието. Последниве врнежи од дожд и континуираното топење на снегот овозможија да се зголеми нивото на водата во браните.

-Во последниот период од еден месец има зголемување на нивото на водата, а последнава недела има зголемување од 1,3 милиони кубни метри вода. Очекуваме и во наредниот период да имаме зголемување,  изјави раководителот на „Кумановско-липковско поле“, Оливер Илиевски.
Врнежите во липковско од дожд беа поинтензивни во однос на кумановскиот регион, воедно имаше и врнежи од снег, така што во наредниот период се очекува и топење на снегот и дополнително зголемување на количините на вода во двете брани, за дополнителни милион и половина кубни метри вода.

Граѓаните не треба да бидат загрижени за водоснабдувањето смируваат одговорните од кумановската подружница, бидејќи во моментов во браните Липково и Глажња има околу десет милиони кубни метри вода, додека годишната потрошувачка во Куманово се движи од 7,5 до 8 милиони.

Претпријатието почна и со чистење на реката Којнарка во должина од три километри од населбата Средорек до Горно Којнаре.

-Досега исчистени се околу  два километра за десетина дена очекуваме завршување на чистењето, изјави Илиевски.

Средствата се обезбедени од АД Водостопанство, механизацијата е на кумановската подружница.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *