Во изложбениот салон во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ вечер со почеток во 19:30 часот, ќе биде отворена традиционалната седма изложба на фотографии „Жените и фотографијата“. На изложбата, која ја организира Фото клуб „Куманово“, ќе се претстават 37 авторки со околу 50 -тина дела.
– Секогаш кај нас, жените биле поактивни од мажите во фотографијата што покажува и големиот интерес за оваа изложба. Веќе се направи и листа на авторки кои самите бараат да учествуваат на изложбата, уште пред да биде објавен конкурсот. Посетителите ја научија изложбата како 8-мартовски момент и ја посетуваат, изјави Марина Крстиќ од Фото клуб „Куманово“.
Фотографирањето е начин жените да го презентираат својот прозорец кон светот и да ја искористат фотографијата за да испратат гласна порака, за тоа како сакаат светот да изгледа со целиот нивен идеализам, утопизам, болка и меланхолија поради актуалната состојба , велат авторките на фотографиите.
Изложбата е можност, велат од клубот, да се види напредокот на македонските авторки. Делата од оваа изложба граѓаните ќе можат да ги видат наредните две недели.
This piece was both insightful and engaging. Id love to dive deeper into this topic with you all. Check out my profile for more content!