Во Битола одбележана годишнината од смртта на кинематограферот Милтон Манаки

Делегации на Општина Битола, Советот на општината Битола, на Кинотека на Македонија, државниот Архиф, ИФФК „Браќа Манаки“ и Комуна на Власите во Битола одбележаа годишнина од смртта на еден од првите сниматели на Балканот, Милтон Манаки.

На влашките гробишта во Битола цвеќе положија претставниците на институциите, а во своето обраќање градоначалничката Наташа Петровска посочи дека Милтон Манаки заедно со неговиот брат Јанаки оставија големо културно наследство.

-Браќата Манаки овозможија како град да се промовираме на интернационално ниво. Во оваа прилика сакам да искажам голема благодарност на нивното дело, секогаш ќе го чествуваме овој ден со респект и почит, рече меѓу другото Петровска.

Според архивата на ИФФК „Браќа Манаки“, на денешен ден пред 41 година била промовирана идејата за почеток на Фестивалот на кинематограферите во Битола.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *