Хрватскиот министер за надворешни и европски работи денеска во Скопје

Министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска Гордан Грлиќ Радман денеска ќе престојува во работна посета на Република С. Македонија.

Во рамки на посетата министерот Радман ќе има средба со министерот за надворешни работи  Никола Димитров, а ќе биде примени и од претседателот Стево Пендаровски.

Хрватска е актуелен претседавач со Советот на ЕУ и во тој контекст фокус на посетата ќе биде даден на европската перспектива на земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *