Премиерот Спасовски го прими Сали Лимани, кандидат за иден амбасадор во Казахстан

 Премиерот Оливер Спасовски го прими Сали Лимани, кандидат за иден амбасадор на нашата земја во Казахстан, соопшти денеска владината прес-служба.
Премиерот Спасовски, на Лимани му посака успешно привршување на подготовките пред неговото заминување на должноста амбасадор, како и успех во неговите претстојни активности како наш амбасадор во Казхастан.
Кога ќе ја преземе амбасадорската функција, Сали Лимани ќе биде вториот амбасадор во Казахстан, земја, како што посочуваат од Владата, со широк потенцијал за соработка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *