Три деца починаа во експлозијата во Романовце, жителите не паметат ваква трагедија

 Трите починатите во несреќата што се случи денеска во Романовце се деца, потврдија и од кумановската болница и селаните од Романовце. Ваква трагедија, жителите на кумановско Романовце не паметат со голем број на жртви и повредени од едно семејство. Според првичните податоци на СВР Куманово, несреќата се случила по експлозија на плинска боца во семеен дом на Ш.А.

Од МВР информираат дека околу 10.00 часот во Романовце во куќа сопственост на Ш.А. при експлозија на плинска боца настанал пожар во кој три малолетни лица на возраст од 8, 9 и 11 години починале на местото на настанот. 
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Куманово. Известен е јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово е упатена на местотот на настанот со цел утврдување на причините кои довеле до несреќата.
Денеска и заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу го посети селото, се сретна со мештаните и изрази сочуство.
-Заедно со заменик директорот на Бирото за јавна безбедност и со заменик началникот на СВР Куманово да изразиме сочуство до семејството Алими. Ова е навистина голема трагедија. За жал е констатирано дека три деца се починати на 10, 12 години, седум лица се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје, рече заменик министерот Нухиу.
Тој информираше дека на местото на несреќата излегле јавното обвинителство, службите од МВР. Според првичните проценки, вели заменик-министерот станува збор за пожар предизивикан од плинска боца. Во текот на денот и наредниот период, додаде се очекува конечниот извештај од јавното обвинителство. Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе им се понуди помош на семејството, Нухиу истакна дека институциите ќе понудат поддршка од сите апскети, вклучително и медицинските екипи.

-Засега ништо не можам да кажам за здравствената состојба за седумте лица пренесени во Клиничкиот центар во Скопје, рече заменик министерот, одговарајќи на новинарски прашања.

Претседателот на месната заедница, Таџедин  Есапи, жали за трагедијата што се случи во нивното село во кое починаа три малолетни деца

-Сите сме во жалост. Ваква трагедија немало во селото. Ми се јави кумановскиот градоначалник кој изрази сочуство и изрази подготвеност да му се помогне на семејството, вели Есапи.

Командирот на смена од кумановската противпожарна единица, Видан Трајковски, рече дека кај нив пожарот бил пријавен во 10.10 часот.

-По прием на дојавата, изглевме на терен со едно возило и четири пожарникари. Интервениравме на пожар во семеен дом. Пожарот е настанат од експлозија на плинска боца во просторијата имаше повеќе повредени и ние имаме информации дека три деца се починати, изјави Трајковски.

Пожарот целосно е ставен под контрола, односно е изгаснат.

Директорката на кумановската болница Снежана Захариева рече дека три починати лица се деца и седум биле повредени.

-Се направи тријажа, беа однесени во скопските клиники. Од мое лично име и од име на болницата изразувам длабоко сочуство до семејството, изјави Захариева, додавајќи дека меѓу повредените има и бремена жена.

Доктор Зоран Стојковски исто така потвврди дека во страшната трагедија тројцата починати се деца. 

-Некои во критична состојба. Сите по пружената првична реанимација се препратени во терцијална установа, вели Стојковски за повредените.

Од кумановската болница додаваат дека ваков тип на сериозна несреќа во едно семејство немало со години.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *