Чулев го повика Спасовски на владина седница да се реши проблемот со пасошите

Јас сум министер еден месец и сите овие ситуации ги наследив како резултат на непланско, несовесно и нестручно работење на Оливер  Спасовски за што е извршена интерна истрага и произлезе кривична пријава, рече министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање каде треба да се лоцира одговорноста во однос на проблемот со недостатокот на обрасци за пасоши.

Чулев го повика Спасовски да свика влаадина седница за да се реши проблемот со пасошите, а еден од неговите модуси за надминување е Владата, рече, да усвои методологија со која со печат и со испраќање нота до државите во светот ќе се пролонгира важењето на пасошите се до моментот на пристигнување на нови патни исправи.

Според министерот Чулев, пасошката криза е резултат на неинтегрално решавање на проблемот со личните документи.

Потенцира дека во овој период мора да се распише меѓународен тендер за 10-годишно решавање на проблемот со издавање лични доклументи. Уште еднаш повтори дека на 24 март или порано треба да пристигнат 100 илјади обрасци за пасоши, а другата пратка се очекува да пристигне септември или октомври годинава.

– Најверојатно нема да бидат веднаш со новото уставно име на РС Македонија заради тоа што не се утврдени техничките спецификации околу изгледот на новата патна исправа и новите лични документи. Моментално работат работни групи од МВР и од компанијата „Веридос“ затоа што и тоа не е направено, склучуваме нов рамковен договор за две дгодини со истата фирма, порачуваме, а не се специфицирани изгледот и содржината на новите лични документи, појасни министерот Чулев.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *