Доделени наградите од Меѓународниот фестивал на карикатура и афоризам

Златни плакети за најдобра карикатура и афоризам на 21. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам што се одржува во Струмица, жирито им додели на карикатуристот од Бразил, Ерико Жунгуеира Аурес и афористичарот Нинус Несторовиќ од Србија.

Сребрена плакета за карикатура доби Иваило Цветков од Бугарија, а бронзена Мирослав Георгиевски Миро од Северна Македонија. Наградата на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал ја доби македонскиот карикатурист Блаже Докулевски, а повеќе автори добија дипломи.

Во категоријата афоризам сребрена плакета жирито му додели на Александар Чотриќ од Србија, а бронзена на Валентин Димитров од Бугарија. Награда од Струмичкиот карневал доби македонскиот афористичар Атанас Крлевски, а дипломи им се доделени на тројца афористичари.

На 2 март ќе биде отворена изложбата од годинашниов Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам и на авторите ќе им бидат врачени наградите.

Фестивалот традиционално се одржува во рамки на Струмичкиот карневал, кој почнува на 26 овој месец и завршува на 4 март.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *