Макрадули во тридневна работна посета на Подгорица

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули од денеска до петок ќе престојува во Подгорица, Црна Гора.

Според агендата, Макрадули денеска ќе учествува на средба на претставници на високо ниво за регионална имплементација на Парискиот договор за клима, а наредните два дена на регионалната работилница за националните системи за инвентари, проекции и политики и мерки.

Настаните се во рамки на имплементацијата на регионалниот проект RIPAP (Regional Implementation of the Paris Agreement), којшто ги поддржува Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Турција како корисници во развојот на економии засновани на ресурси со ниски емисии на штетни гасови и градење на климатски отпорни држави.

Проектот е дизајниран да им помогне на корисниците да ги разберат и да делуваат во правец на исполнување на целите на Парискиот договор. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *