Епистемиологија на ономастиката на Панонија – 1 дел

onomastika1

ЕПИСТЕМОЛОГИЈА НА ОНОМАСТИКАТАНА ПАНОНИЈА (ДЕЛ I)

Археолошките откритија на некои локалитети во Панонија, како што се Лепенски Вир, Старчево, Винча и др., многу успешно ја потврдуваат оригиналноста на древната култура на средното Подунавје, помеѓу 7000 и 5300 година пред Христа, која архологот Марија Гимбутас1 ја нарекува „древна европска цивилизација“ (Old European Civilization).

1 Gimbutas, M., The Goddesses and Gods of Old Europe 6500-3500 B.C. Myth and Cult Images, Univ. of California Press, 1982.

Оваа древна европска цивилизација се развивала по автентичен правец, според кој подеднакво се разликува од културата на Блискиот Исток, Средна и Северна Европа. Поради тоа, во нашите истражувања тргнавме од фактот дека доколку археолошките супстрати на Средно Подунавје претставуваат најстари можни наоди во културата на европската цивилизација, тогаш некаде мора да постои и соодветна глосологија или палеоглосологија. Со ова е псотавена хипотезата за можен модел на праисториски, архетипски јазик на таа култура, односно на духовна археологија.

Гносолошки истражиувања на теонимската и митолошката Ономастика на Панонија

Во методологијата на научните истражувања користени се Јунговите2 ентитети од комплексната психологија: архетипското, колективно несвесно. Со овој модел истражувана е ономастиката, митологијата и праисторијата. Од ономастиката на Средното Подунавје истражувани се хидронимите и хоронимите според воено-географските карти/мапи 1:200 000, кои не припаѓаат на словенско-српскиот корпус. Во објаснување на имињата, користени се лексикони на старогрчки јазик, како и глосолошки студии на грчки, германски и други лингвисти, кои утврдиле дека во античкиот грчки јазик постојат супстрати кои не припаѓаат на Хелените, туку на праисториските домородци.

2 Jung, K.G., Dynamics of Unconscious, (прев.), Матица Српска, Н. Сад, 1990.

Во панорамата на праисторискиот свет на Балканот и на Егејот постојат многу енигми кои привлекуваат истражувачи од разни профили. Една од големите енигми е таканареченото „грчко чудо“.

Грчката теогонија, космологија и митологија сè уште претставуваат енигма и покрај повеќекратниот напредок на филозофијата, хуманитарните науки и технологијата. После Талес од Милет, Херодот на свој начин се обидува да објасни дека поетите Хомер и Хесоид на Хелените им составиле историја за теогонијата, им дале имиња на боговите, им поделиле почести и на сите ним им одредиле облик/форма.

Се поставува прашањето: дали во митологијата има некоја вистина? Понатаму, дали воопшто поезијата и филозофијата можеле да постојат заедно во времето на настанување на митологијата и што е архетипско? Или, пак, митологијата претставува почеток на филозофијата?

Меѓутоа, бидејќи поезијата и филозофијата се наоѓаат во митологијата и придонеле за нејзиното настанување, се поставува и прашањето за јазикот, бидејќи во составот на најстариот јазик може да се открие ризницата, изворот на филозофија. Без јазикот не може да се замисли не само филозофската, туку и човечката свест, па и постоењето на, сè до денес, едно колективно несвесно за архетипската култура на Средното Подунавје.

Во составот на овие загатки спаѓаат и митовите за Херкул, за Аргонаутите и за златното руно, како и митот за Хиперборејците, митски народ што живеел на крајниот север, на другата страна на Северниот ветер. Поради тоа и поради верификација на поставените хипотези, избрани се следниве цели на истражувањата:

Да се утврди на кое лингвистичко семејство ú припаѓа географската ономастика на Панонија:

Да се воспостави етимологијата и семантиката на имињата; Да се одредат творците и преносителите на лингвистичката култура на дунавската цивилизација; Да се разгледа прашањето за континуитетот и опстанокот на географските имиња; Да се утврди, со помош на гносологијата, дали јазикот на дунавската цивилизација на Панонија бил супстрат на античкиот грчки јазик, тнр. „коине“ јазикот на Александар Македонски; Да се разгледа прашањето за праисториските Скити-Прасловени како чувари на лингвистичкиот континуитет и архетипската култура на Централниот Балкан

Метод на истражување

Многу автори сметале дека несловенската ономастика на Панонија припаѓа на илирскиот или на келтскиот јазик. Ние, сепак, се обидовме да ја декодираме истата со помош на грчкиот јазик. Воочивме дека ономастиката е сочувана во античкиот грчки јазик и дека таа сочинува супстрат на грчкиот јазик. Привидната апорија е во тоа дека Хелените никогаш не биле на овие простори.

onomastika2

За хидронимот на Дунав

Повеќето хидронимичари, (експерти за хидроними), сметаат дека името на Дунав потекнува од келтскиот јазик во кој тоа гласи Дунав и во основа, едноставно, значи „река“. Постојат и други имиња како: Дунај, Дунав, Дуна, Дунареа, Донау, Дануб, Дона, Туна, итн., вкупно околу 160 различни називи. Грчките називи се Даноувиос и Истрос, додека латинскиот е Danubious.3

3 ”Vindobona, quia dat vinum bonum; Danubius, quia dat nubеs”, („Виена, бидејќи дава добро вино; Дунав, бидејќи дава облаци“). Оваа хумористочна етимологија ја дава германскиот писател од 18-ти век, J.G. Seume. Таканарачената народна или домородна етимологија ја прославил кај нас Сима Милутиновиќ Сарајлија (Мухамед=муха+мед, и сл.

Од етимолошки аспект, тука се работи за кованицата ’Даноу’ и ’виос’, која потекнува од теонимите Диос – Зевс, чија буколичка форма е Дан-Зан, сето тоа изведено од коренот ди, диос – сјаен, „сјај небески“. Генитив од Дан е Даноу. Другиот член на името Даноувиос е ’виос’, латински vivus – bios, т.е. живот. Даноувиос или Данубиус, според тоа, значи Диосова или Зевсова река на животот, Божествена река, односно „Господар на сите реки“ и претставува персонификација на богот Диос или Зевс. Ова е наша основна и почетна претпоставка.

Додека Даноувиос бил име за горниот и средниот тек на реката до водопадите кај Ѓердап, дотогаш долниот дел првобитно го носел името Истрос. Хидронимот Истрос е, исто така, кованица од зборот ’истиа’ или ’естиа’ – огниште или храна (оттука нашиот збор ’јести’ на српски) и другиот дел од зборот ’рео’, ’роос’ – струја, река или латински rivus, т.е. „река хранителка“, па оттука и теонимот Хестиа, за едно од 12 олимписки божества и персонификација на огнот на огниште, што асоцира на многубројните огништа во Лепенски Вир.

Во хидролошкиот систем на Дунав во Панонија постојат многубројни реки, меѓу кои спаѓаат:

ТИСА – етимолошки потекнува од глаголот ’тисо’ – да се дава жртва на боговите. Во митологијата Тиса е персонификација на една од нимфите на која божицата Реа ù го дала својот син Диос да го негува и чува;

ТАМИШ или ТЕМИШ е персонификација на титанката Темис, втората жена на богот Диос;

НЕРА е теоним за богот Нереј (Nerevs), прастаро божество на морето.

САВА е персонификација на богот Сава – Зиос, тракиско-фригиско божество во митологијата;

Трите МОРАВИ се персонификација на трите Миори, зли судбини, ќерки на Морос, подредени на Диос и на останатите богови;

СТИГА или МЛАВА е персонификација на нимфата Стига – Стикс, една од реките на Подземниот свет по која душите на мртвите се пренесуваат (Харон) во царството на Хад и на Персефона. Една нејзина притока навистина го носи името БУСИР и го персонифицира митолошкиот бог на египетскиот подземен свет Бусирис (Озирис), а е поврзана и со авантурите на Херакле.

Продолжува

 Dshko  Katin6

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *