Владата ќе ја награди екипата на „Медена земја“ со три милиони денари

Екипата на „Медена земја“ ќе биде наградена со три милиони денари, одлучи Владата на денешната седница.

За оваа одлука информираше министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејбук профил.

– Нашите Медени, вчера го освоија најважниот Оскар – за човечност, едноставност, свесност за животната средина и големо ❤. Ги освоивте нашите срца и срцата на милиони луѓе низ целиот свет и со еден симболичен гест сакаме да се заблагодариме – затоа вечерва донесовме одлука на владината седница за парична награда од 3 милиони денари за екипата Медени. Бидејќи го додадовте епитетот ”Медена” на нашата земја. Бидејќи нѐ направивте тооолку горди! , напиша Ангеловска на Фејбук.

Документарниот филм „Медена Земја“ не доби оскар, но беше номиниран во две категории – за најдобар документарен филм и за филм од неанглиско потекло.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *