Спасовски: Владата ќе направи се да го задржи Охрид на светската листа на УНЕСКО

Владата ќе направи се што може да го задржи Охрид и регионот на светската листата на заштитено културно и природно наследство на УНЕСКО, истакна денеска премиерот Оливер Спасовски на редовната владина седница во Охрид, како петта од серијата седници што се одржуваат во десет региони во земјата.

Спасовски, во таа насока денеска изврши и обиколка на активностите за ревитализација и санација на Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро, проект за чија реализација беа издвоени 4,2 милиони евра.

На денешната владина седница, Спасовски истакна дека ќе бидат отворени сите теми од интерес на локалната заедница, не само на Охрид туку на регионот, ќе се разговара за се она што може да биде потпомогнато преку проекти.

-Целта на оваа владина седница што се одржува во Охрид е да бидеме поблиску до граѓаните, да разговараме за нивните проблеми, за очекувањата, за проектите што се реализираат во рамки на локалната самоуправа и сите заеднички да придонесеме за подеднаков развој во различните региони во државата, истакна Спасовски пред почетокот на седницата.

Тој појасни дека од градоначалниците на Охрид, Струга, Дебрца, Ресен и Вевчани, кои се поканети на седницата, Владата ќе се информира за она што е најпотребно за граѓаните, а е во насока на стратегијата на владината политика за создавање еднакви услови за живот на граѓаните независно дали живеат во урбани или рурални средини.

– Клучниот акцент Владата го дава на поддршката на бизнискот, развојот на економијата и поддршката на човечкиоте ресурси. Тоа го разговаравме и со менаџерите на компаниите што ги посетивме „ЛТХ Леарница“ и „Братство Инокс“, со кои констатиравме дека економските политики даваат резултати, но мора да се работи заеднички многу повеќе на образованието, пред се дуалното за создавање кадри што директно ќе помагаат на економијата, рече премиерот Спасовски.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески се заблагодари на Владата за поддршката што општината ја има во процесот на раздолжувањето, но и во останатите активности, како ревитализацијата на колекторскиот систем и други заеднички инфраструктурни проекти меѓу кои реконструкцијата на витални сообраќајници низ градот како улиците „Абас Емин“ и „15-ти Корпус“ на влезот во градот од насока на Битола.

На седницата во Охрид присуствува и амбасадорката на Република Хрватска Нивес Тигањ, која пред ќе ја презентира Програмата и приоритетите на Хрватското претседателство со Советот на Европската Унија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *