Словенија ја поддржува С. Македонија на евроатлантскиот пат

Претседателите на Собранието на Република С. Македонија и на Словенечкиот збор, Талат Џафери и Дејан Жидан, оценија дека односите меѓу двете земји се темелат на искрено пријателство, меѓусебно разбирање, соработка и поддршка на нашиот евроатлантски пат.

-Заеднички се согласивме дека изразената фреквентност на посетите во парламентарната соработка во последниве години на билатерална основа, меѓутоа и во рамки на пратениците и служба претставуваат потврда дека сме силно заинтересирани да соработуваме, користиме искуства, особено од патот што Словенија го помина уште во 2004 година кога стана полноправна членка на ЕУ и НАТО, а тоа се и наши стратешки определби од осамостојувањето на земјата, рече претседателот на Собранието, Џафери.

Toj, како што рече, на само еден ден од ратификацијата на Протоколот за членство на земјата во НАТО во нашето Собрание очекува набрзо тоа да го направи и последната земја членка на овој моќен сојуз.

Претседателот на Собранието посочи дека Словенија е петти најголем инвеститор во земјата и оти треба да ја интензивираме уште повеќе оваа одлична соработка и да се искористи големиот потенцијал во повеќе области како што се економијата, земјоделието, енергетиката, индустријата, животната средина, образованието и други области.

Претседателот на Словенечкиот збор е воодушевен од македонскиот документарен филм „Медена земја“ кој го погодил и решил за оваа посета да носи кравата со пчела.

-Ако Словенија би решавала сигурно би добил два „оскара“, рече Жидан.

Република С. Македонија и Република Словенија утре ќе потпишат техничка спогодба за соработка во повеќе подрачја, но Жидан ја нагласи спогодбата во делот на образованието и можноста што ќе се отвори со неа за школување на илјада млади луѓе од земјава во Словенија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *