МД „Илинден“ одбележа 11 години од формирањето

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, денеска одбележува единаесет години од формирањето, период во кој заедно со огранокот за Голо Брдо даде голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања во интерес на Македонците во Албанија.

-Континуирано работиме на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и националните традиции на Македонците во Албанија. Една од задачите на дрштвото е да ги следи и забележува значајните активности и ангажмани на одделни лица во поглед на создавање на благосостојба меѓу населението во Албанија, изјави претседателот на македонското друштво „Илинден”, Никола Ѓурѓај.

Друштвото, рече, останува посветено на борбата за унапредување на положбата и правата на Македонците врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност

– Реципроцитрет во меѓусебните односи меѓу Македонија и Албанија и по прашањето за Македонците во Република Албанија и Албанците во Република Македонија како мостови на братство и пријателство меѓу двата народа и двете држави, рече Ѓурѓај.

Во изминатите единаесет години воспоставена е соработка со претставници на разни институции и асоцијаци. На сите средби, како што рече Ѓурѓај, се разменувале мислења за важни прашања за унапредување на положбата и правата на македонското национално малцинство во Албанија. Тој и во оваа прилика побара од Владата во Тирана да посвети поголемо внимание и позитивно да одговори на барањата на Македонците.

-Бараме од Владата на Република Албанија и од надлежните министерства и организации да посветат посебно внимание во подобрувањето на основните услови за живот, поголема застапеност во институциите на централно и локалнониво. Исто така бараме позитивно да одговорат на нашето барање за настава на мајчин македонски јазик во областа Голо Брдо и Гора и насекаде каде што има значителен број Македонци, имајќи предвид дека тоа веќе се остварува во областа Мала Преспа, како и признавање статус на македонско малцинство на целата терторија на земјата а не само во Преспа.Бараме Владата да изврши промена на штетната територијална организација на локалната самоуправа и да ги прифати како општини областите Голо Брдо и Гора каде живеат Македонци, напомена Ѓурѓај.

По повод денот на формирањето, Друштвото додели две награди „Илинден“ и пет багодарници на поединци и институции.

Наградата „Илинден“ која првпат беше доделена лани на одбележувањето на јубилејот десет години од формирањето на Друштвото ја добија проф. д-р Катерина Тодороска, научен советник во Институт за национална историја – Скопје и Васил Стерјовски, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и нејзин пратеник во Собранието на Република Албанија.

Благодраници им беа доделени на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) каде „Илинден” е рамноправен член од мај 2015 година, на Ламбе Шатровски, член на МД „Илинден“, дописник на истоимениот македонски весник и активист меѓу Македонците во Албанија, на Андреа Алексовски од Скопје кој е голем поддржувач на припадниците на македонското национално малцинство на Балканот, како и на новинарите Ќенан Мимидиноски и Вера Тодоровска.

Македонското друштво „Илинден” е формирано на 6 февруари 2009 година и регистрирано во Основниот суд во Тирана, со цел заштита и афирмација на етничкиот, јазичниот, културниот, верскиот и историскиот идентитет на Македонците во Република Албанија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *