Со положување цвеќе и панихида на неговиот гроб, денеска, Охрид симболично му се поклони на Григор Прличев, својот најпознат поет, ловроносец, културен деец и преродбеник.
На самиот ден на упокојувањето на „Охридскиот Хомер“, 6 февруари, чествувањата во спомен на Прличев продолжија со повеќе манифестации, од кои централната се одржа во неговата спомен-куќа со традиционалната „Прличева визита“.
Пред присутните на собирот беседа за Прличев имаше проф. Виолета Пирузе –Тасевска, а се обрати и градоначалникот Јован Стојаноски.
Тој на Гордана Стојаноска, авторката на најдобрата поема за 2017 година, и ја честита наградата, посакувајќи и безмерна енергија и неисцрпна инспирација во создавањето нови литературни творби.
– Шестдецениското институционално чествување на македонскиот литературен великан, народен трибун и преродбеник, Григор Прличев, годинава е збогатено со уште една поема со која се продолжува традицијата на Прличевата „Сердарот“. И погледнете каква симболика. Ако Прличев преку „Сердарот“ ни ги остави во наследство нескршливиот слободарски дух, витешката борба и високите етички принципи, годинашниот лауреат ни ги дава „Клучевите“ кои нам како генерација и тоа како ни требаат за да можеме да ги отвориме вратите на иднината, како што впрочем тоа за нас го сторил Прличев. Та затоа, наградата, дефинитивно е достоинствен и високовреднуван дел од современата македонска книжевност, рече тој.
Културно-уметничката програма по повод 125-годишнината од упокојувањето на Прличев продолжи со настапите на ученичките хорови на ОУ “Григор Прличев“ и ОСУ “Свети Климент Охридски“ и ансамблот “Климе Садило“. Попладнево беше промовирана и книгата „Сага за Охрид“ на новинарката Валентина Неловска, а чествувањата во чест на Прличев ќе бидат заокружени вечерва со академија на Основното училиште во Охрид што го носи неговот име .
Great mix of humor and insight! For more, click here: READ MORE. Let’s discuss!