Пендаровски се сретна со началникот на Генералштабот на војската на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ

 Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими генерал  началникот на Генералштабот на војската на Србија Милан Мојсиловиќ, со кој размениле мислења за севкупната соработка меѓу двете држави во сферата на одбраната преку отворен и конструктивен дијалог.

Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, ја поздравил соработката меѓу армиите на двете држави и учеството во заеднички регионални иницијативи и изразил очекување дека соработката ќе продолжи во иднина, во интерес на двете пријателски држави.

На средбата, тој посочил и дека членството во НАТО е една од главните стратешки цели на Република С. Македонија од прогласувањето на независноста и оценил дека тоа ќе придонесе за долгорочната стабилност и безбедност на регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *