Борбата против корупцијата приоритет за градење здрава демократија

Интегритетот и однесувањето се клучни во борбата против корупцијата, бидејќи владеењето на правото ќе привлече инвестиции, но транспарентноста и интегритот ќе ги задржат младите во земјата. Сепак годинава евидентен е пад од 13 места на нашата држава на Индексот на перцепција и затоа борбата против корупцијата треба да биде приоритет број еден за градење на здрава демократија. Ова беше истакнато денеска во Скопје на настанот за одбележување на  Неделата на интегритет и антикорупција 2020.

Борбата против корупцијата е долгорочен процес и неопходно е вклучување на сите, па затоа на денешната дебата учествуваа претставници од бизнис заедницата и јавниот сектор, студентите и невладините организации, а со една цел – изнаоѓање одговор на секојдневните предизвици во борбата против корупцијата.

Според холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, клучна а довербата, а таа се добива со интегритет во борбата против корупцијата.

– Името на играта се вика доверба. Со почетоктот на преговорите со ЕУ на вашата земја ние ќе мора да им веруваме на вашите институции, а најважно од се и граѓаните на вашата земја ќе треба да им веруваат на институциите, изјави Јан Коп.

Интегритет, посочи тој, е да се прават вистинските работи и кога никој не те гледа.

– Владеењето на правото ќе привлече инвестиции, но транспарентноста и интегритот ќе ги задржат младите во земјата, порача Јан Коп.

Министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчеваки, рече дека во денешно време главен сегмент за борба против корупцијата е дигитализацијата.

-Сè што има допир со човек, може да се корумпира. Затоа е битна дигитализацијата и редизајнирањето на начинот на функционирање на системот, изјави Манчевски.

Транспарентноста е главен механизам за многу работи, подвлече тој, затоа системот на отворени финансии е главен механизам против корупција.

-Дигитализацијата и транспарентноста се побрзите мерки, но менување на менталниот склоп и навиките се главна работа, изјави Манчевски.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска рече дека мора секој поединец со личен пример да се вклучи во заедничката борба против корупцијата.

– Изгубените вредности во општеството најмногу и одат во корист на корупцијата. Стратегијата сметаме дека е добар документ за подобрување на контролниот систем, зајакнување на интегритетот и подигнување на свеста на поединецот. Тие се клучните точки, рече Ивановска.

Во Националната стратегија за борба против корупцијата, посочи таа, за првпат се и еконимијата и бизнисот.

Неделата на интегритет и антикорупција, се одбележува за првпат во нашата држава од 3 до 11 февруари, во организација на Интернационалната стопанска комора, со поддршка на холандската амбасада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *