Владината делегација положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Владината делегација предводена од министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, заменик министерот за култура, Владимир Лазовски, и националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас, по повод 148 години од неговото раѓање.

Владата со овој чин, како што се наведува во соопштението, им се придружи на настаните со кои му се оддава почит кон делото на големиот револуционер Гоце Делчев, како една од најмаркантните фигури во борбата и заложбите за македонска државност и за слободна земја, интегрирана во напредната заедница на народите.

Гоце Делчев е роден на денешен ден во 1872 година во Кукуш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *