Програмата за капитални субвенции за плански региони на седница на Влада

Предлог – програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2020 година и Предлог – програмата за изменување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година, ќе бидат дел од повеќето точки на дневниот ред на денешната шеста редовна седница на Владата.

На седницата, Владата ќе биде запознаена со информацијата за отпочнување со реализација на проектот „Изградба на канализациски систем за фекална отпадна вода во село Банско, Општина Струмица“ и со информацијата за отпочнување со реализација на проектот: Доградба на фекален канализациски систем за Ново Село, Општина Ново Село.

-Министерството за надворешни работи на оваа седница ќе го стави на утврдување текстот на Предлог – законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република С. Македонија и Владата на Сојузна Република Германија за соработка во борбата против криминалот, и ќе го презентира Извештајот за завршени преговори за склучување, Спогодба за партнерство, трговија и соработка меѓу Република С. Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, информираат од владината прес-служба.

На денешната седница, додаваат, министрите во Владата ќе се запознаат со програмата и приоритетите на Хрватското претседателство со Советот на Европската Унија и ќе се разгледа и информацијата за реализација на Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2019 година, што ќе ја презентира министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *