Спасовски: Доколку се одложат изборите, ќе се одржат по месец или два

Јас очекувам дека ќе има избори на 12-ти април. Ова не е прва и изјава и став на прашањето поврзано со изборите, а се однесува на носењето на законските решенија коишто пред се значат напредок на државата, остварувањето на нашите национални интереси. Тука е носењето на законот за јавно обвинителство, законот за одбрана којшто е така многу значаен, не само за патот кон НАТО Алијансата, туку значаен генерално за положбата на Армијата, на луѓето во Армијата, истакна вечарва премиерот Оливер Спасовски на Тв Телма коментирајќи ја изјавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека доколку нема закон за ЈО нема распуштање на Собранието.

-Ние можеме да се расправаме, да дебатираме за теми коишто се чиста политика, партиите се тука да се натпреваруваат и впрочем сега е изборен процес во којшто ќе мора да ги спротивстават и концептите и програмите итн. Меѓутоа, за овие прашања мислам дека треба да има минимум консензус. Јас очекувам дека сепак и политичките субјекти, пратениците во Собранието ќе бидат навистина на висината на сопствената одговорност која што ја имаат и спрема граѓаните и спрема државата генерално дека низ еден дијалог ќе може да се постигне консензус во однос на носењето на овие законски решенија, рече Спасовски.

Премиерот нагласи дека очекува пратениците да ја преземат одговорноста за иднината на граѓаните, а не, како што рече, да одлучуваат од интересите на некоја политичка партија.

-Искрено јас се надевам на секој еден пратеник во Собранието заради тоа што реков дека одговорноста за иднината на државата, за иднината на граѓаните на оваа држава лежи подеднакво кон сите. И нема значење тука дали е некој пратеник на парламентарното мнозинство или на парламентарната опозиција или припаѓа на една или друга политичка партија или на независен пратеник. Затоа реков дека тој минимум консензус којшто треба да го постигнеме е национален затоа што сакаме ние да ги постигнеме тие наши национални интереси, витални на коишто е поставена државата од независноста до денеска, а тоа е и членството во НАТО и во ЕУ и затоа сметам дека преку дијалог со сите пратеници треба да се дојде до решение кое што ќе овозможи мнозинство за носење на овие законски решенија. Идеално би било сите политички партии преку своите забелешки коишто ги имаат да ги кажат и на основа на тоа да бидат донесени тие законски решенија. Лично ако ме прашате, јас имам поголем скептицизам кон ВМРО-ДПМНЕ од аспект на тоа дека партискиот, личниот интерес, бизнис интересот, криминалните интереси се пред се на прв план визави државните интереси, истакна Спасовски.

На прашање од новинари дали ВМРО-ДПМНЕ ќе добие или изгуби со ставовите за законот за ЈО, премиерот Спасовски рече дека сега е момент ВМРО-ДПМНЕ да направи добро за државата. Во однос на калкулациите, или, како што го прашаа, со носењето на законот дека опозицијата си потпишува смртна пресуда, односно пресуда за затворски казни, Спасовски рече дека во тоа тврдење се согласува.

– Во тоа се согласувам со вас. Концептите се сосема различни, односно мотивите за носењето на законското решение. Ако имате законско решение во кое што сите ние политичките субјекти, експертската јавност, граѓаните итн. посакуваат закон врз основа на којшто ќе може да имаме правда за секого во државата без разлика дали е на одредена позиција, дали е обичен граѓани на државата, позадината на целото опструирање, би рекол, на носењето на законското решение како предметите коишто се воделе во предистрага во СЈО со решение да бидат затворени. Тоа не е можно, истакна Спасовски.

Премиерот рече дека не верува во одложување на изборите, но и доколку се одложат, според него, тие некогаш ќе се одржат, дали тоа ќе биде после месец или два. – Европските перспективи мора да дојдат час поскоро. Сега кога ќе ги погледнете тие два интереси навистина е поважно интересот на државата и напредокот на државата, потенцира Спасовски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *