Поранешниот шеф на албанската дипломатија и актуелен пратеник од редовите на Социјалистичката партија, Дитмир Бушати, бил еден од двајцата пратеници кои се изјасниле против ратификацијата на Спогодбата за отворање Културно – информативни центри во Скопје, односно во Тирана.
Од собраниската говорница тој рекол дека Спогодбата погрешно го изедначува статусот на националните малцинства и додал дека нема додадена вредност за Албанците, бидејќи во Северна Македонија Албанците се државотворен народ, а Македонците во Албанија се национално малцинство.
– Договорот предвидува отворање Културно-информативен центар во амбасадата во Скопје за промовирање на албанската култура, но Бушати, вели дека една третина од македонската територија е албанска, има три албански универзитети и три големи телевизии на албански јазик, пренесува агенцијата Балкан веб.
Бушати исто така рекол дека може да се потпише таков договор со Украина и Австралија за да не се изгуби албанската култура таму, но не и со Македонија каде албанскиот е официјален јазик, спикерот на парламентот е Албанец, во Владата и Парламентот се зборува албански, минстер за одбрана бил Албанец, а и во судските постапки може да да се зборува албански.
-Верувам дека ќе послужи малку во климата за соработка. Не верувам дека има овде некој колега во салава кој не е за регионална соработка. За да се отргне меракот Албанија беше дарежлива со Македонија. Таа е меѓу првите земји што ја признаа независноста. Таа е прва земја каде во програмите на сите влади се посвети на неповредливоста на територијалниот интегритет. Ние го ратификувавме договорот за членство во НАТО. Сосема едноставно и покрај проблемите и фактот дека една третина од нив се Албанци, ние не го сменивме нашиот однос кон нив, изјавил Бушати.
Наспроти него Спогодбата ја бранеше неговата сопартијка, министерката за култура, како предлагач, како и многу други пратеници, што ја потврдува и бројката од 96 пратеници кои гласаа доцна попладнево за Спогодбата.
Поранешниот шеф на албанската дипломатија Бушати, откако премиерот Рама неочекувано го разреши од функцијата, во јануари минатата година, тој стана многу близок со косовското движење „Самоопределување“ и имаше информации дека ќе биде лидер на Самоопредлување за Албанија.