МОЖНА РАЗМЕНА МЕЃУ РЕАЛ И ЧЕЛЗИ

Како што објавуваат шпанските медиуми, на повидок е трансфер-размена меѓу Реал Мадрид и лондонскиот Челзи.

Подолго време Реал е незадоволен од играта на Карим Бензема, кој во оваа сезона, во сите конкуренции има постигнато само пет гола за “кралевите”. Од друга страна, Челзи мора да го продаде Еден Азар, инаку ако тоа не го стори летово, ќе дозволи Азар да замине како слободен агент, без обештетување, бидејќи договорот му истекува.

Не е тајна дека Азар е фудбалерот кого Реал го посакува во своите редови, па можно е за услугите на Азар, на Челзи да му биде понуден Бензема и да се доплатат пари, со што Реал ќе оствари фактички две добивки, ќе се ослободи од Бензема, и ќе заштети пари кои би можел да ги упортреби за носење друг фудбалер.

 

SHARE