Варницата од населбата Превалец и понатаму еден од најголемите загадувачи на воздухот во Велес

Во изминатите деновите со енермно зголемено загадување  на воздухот во градот, граѓаните реагираат дека освен неповолните временски  услови  – магла, воздухот посебно во новиот дел од градот континуирано се  загадува  и од Фабриката за вар во Превелец. Доказ за тоа се високите вредности на ПМ 10 честички на мерната станица 2 лоцирана на МЖСПП во градинката Тунел,а која е многу блиску до Варницата. И граѓаните и локаната власт бараат од Министертсвото за животна средина да направи ревизија на повторно вратената „А“ Интегрирана еколошка дозвола на фирмата Каменелом „Техно Павер“ ДООЕЛ Скопје од 18 февруари 2019.

На новинарско прашање на МИА, што со овој проблем, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, при посетата на Велес изминатата недела  за медиумите информира дека Министерството за животна средина се обврзува да направи ревизија на сите „А“ интегрирани еколошки дозволи и да има мониторинг 24 часа.Тоа ќе значи да се  направи и ревизија на „А“ Интегрираната еколошка дозвола  и на велешката Фабрика за вар во Превалец.

Макрадули воедно најави и подобра соработка помеѓу Државниот инспекторат за животна средина и општинските инспекторати.

-Ќе направиме еден инспекциски надзор од аспект на емисиите на воздух да бидат од друга независна акредитирана лабараторија,за да можеме и да ги увериме и да покажеме податоци на граѓаните што се случува, информира Макрадули.

Градоначалникот Аце Коцевски  пак појасни дека надлежните служби на Општина Велес  веќе го известиле заменик министерот дека не се задоволни од односот на државниот инспекторат  и се сомневаат  дека фирмата која стопанисува со Варницата  не ги исполнила сите услови кои се предвидени за „ А“ Интегрираната еколошка дозвола.

– Затоа бараме да се преземат и овие мерки кои ги соопшти заменик министерот Макрадули, информира Коцевски.

Проблемот со загадување на воздухот во Велес и повеќе години наназад на што гласни беа реакциите на граѓаните посебно од населбата  Превалец каде е лоцирана фабриката и соседната населба Тунел, а каде е лоцирана  и мерната станица 2 на МЖСПП, која е единствена што ги мери и покажува параметрите на загаденост на воздухот во градот.

Фирмата ја изгуби „А“ интегрираната еколошка дозвола, односно и беше одземена од надлежниот Државен инспекторат  на 4 јуни 2018, а на 14 ноември истата година доби и забрана за работа, но и покрај тоа, без прекин работеше и понатаму го загадуваше воздухот , а  раководниот тим  не  преземаше  никакви  мерки да го спречи и намали загадувањето.

Но, и покрај реакциите на општинската власт дека фирмата не презела ништо да го намали загадувањето и покрај бројните гласни реакции на жителите од двете велешки населби, Државниот инспекторат на МЖСПП  на 18 февруари 2019 на фирмата „Техно павер“ ДООЕЛ Скопје која стапанисува со велешката варница и ја врати „А“ Интегрираната еколошка дозвола.

Пред да и биде вратена дозволата Општина Велес до МЖСПП достави бројни забелешки  за тоа како Министерството ја водело постапката за повторно  враќање на „А“ Интегрираната еколошка дозвола.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *