Џафери на Самит на претседатели на парламентите на земјите од Западен Балкан и ЕП во Брисел

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе учествува на Самитот на претседатели на парламентите на земјите од Западен Балкан и на Европскиот Парламент, што ќе се одржи денеска во Брисел, во организација на претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.

На самиот, соопшти Кабинетот на Џафери, ќе учествуваат претседателите на парламентите на Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Црна Гора, Република С. Македонија и Република Србија, а во својство на претставник на земјата претседавач со Советот на ЕУ, ќе учествува и претседателот на Парламентот на Хрватска.

Главна тема на Самитот ќе биде зајакнувањето на парламентарната димензија на процесот на проширување и улогата на парламентите во реформската агенда за ЕУ.

На крајот на состанокот предвидено е да биде усвоена заедничка декларација со која ќе се потврди цврстата волја на парламентите во регионот да бидат вистински двигатели на реформите и да испорачаат конкретни мерки за исполнување на европските аспирации на граѓаните, стои во соопштението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *