Централниот регистар денеска одбележува 18 години од работењето. Во текот на изминатите 18 години, оваа институција прерасна во комплетно сервисно ориентирана организација, поминувајќи процес на модернизација и дигитализација на речиси сите услуги.
На одбележувањето на годишнината, според најавите од институцијата, покрај директорката Марија Бошковска – Јанковски, ќе се обратат и министерката за финасии Нина Ангеловска, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и претставникот на Делегацијата на ЕУ во Скопје Фрек Јанмаат, а ќе бидат доделени и плакети за успешна соработка со институциите.
-Потребата за праќање нова порака кон корисниците на услугите се наметна како неопходна, а за таа ЦР се здоби со ново, модернизирано лого. Потребата од нов корпоративен идентитет на Централен регистар произлегува од континуитетот во развојот на процесните пристапи кон услугите на Централен регистар, дигитализирање на работните процеси и функционалности, развој на нови регистри и системи како и надградба на постоечките и стандардизирање на сите процеси од делокругот на работата на институцијата, велат од Цетнрален регистар.
Сето ова, додаваат, претставува еволутивен 18 годишен процес, во текот на кој, пораката кон корисниците означува прогресивен развој на оваа институција