Макрадули: Во 2017 и 2018 драстично е намален увозот на отпад во земјава

Во 2018 во земјава не е увезен опасен отпад,  посочи заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, при при денешната посета на Велес. Тој појасни дека во државата никој нема добиено дозвола да се увезе отпад за истиот да се чува некаде.

Тој рече дека, како што кажале и претходно, „Дрисла“ нема добиено дозвола од МЖСПП за увоз на таков отпад.

Макрадули појасни дека контролите се постојани и има систем во кој се и тие потписници на ратификации коишто постојат како Базелската Конвенција, a која што се споредува со други држави.

-Во овој момент во „ОХИС“ има подготвен опасен отпад кој треба да го изнесеме од државата и тој ќе влезе во некои западноевропски земји каде што има технологии за обработка на тој опасен отпад, бидејќи во земјава не постојат технологии за преработка на тој опасен отпад, појасни Макрадули.

Тој им порача на граѓаните дека тие се будни и редовно се вршат контроли,а целта им е да се врати довербата на граѓаните кон институциите.

Воедно потенцира дека секоја нелегална активност подлежи на кривичните закони во државата.

Во врска со протестите за изградба депонијата во Неготино, Макрадули појасни дека е јасен нивниот став дека истата нема да се гради.

Тој порача дека таму каде што има некој објект треба да се користат најдобрите светски пракси и да се врши мониторинг.

Тој информира дека во западно европските земји има 445 инсталации коишто обработуваат алтернативно гориво, но сите ги проверуваат оџаџите каква е нивната емисија и какво е влијанието на околината.

-Тоа е нашата задача со користење на модерни технологии и науката и зголемен мониторинг да направиме една рамка во којашто сите ќе се чувствуваме посигурни и побезбедни, потенцира Макрадули.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *