Архиепископот г.г Стефан ја посети црквата „Св. Атанасиј“ во Брвеница

Завршените градежни активности беа повод архиепископот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан денес да ја посети црквата „Св. Атанасиј“ во тетовска Брвеница која изминатиов период се проширува и обновува.  По завршување на градбата за проширување на објектот следува внатрешното како и уредување на дворот на оваа православна црква.

-Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, надлежниот митрополит тетовско – гостиварски г. Јосиф, директорот на Комисијата за односи со верски заедници Даријан Сотироски и професор д-р Ѓоко Ѓоргески извршија канонска визита на храмот за да увидат како се одвиваат активностите за проширување. Сега откако се завршија градежните активности, иконостасот е однесен на реставрација. На пролет ќе започне фрескоживописувањето на целата нова внатрешност. Треба да се работи и на останатите елементи за внатрешно уредување, а ќе се подобри и функционалноста и изгледот во дворот, изјави старешината на храмот, отец протејереј Ивица Спасеноски.

Црквата воедно се подготвува за празнување на патронот свети Атанасиј на 31 јануари.  На полноќ  ќе се чита акатист на свети Атанасиј по што ќе се одржи трикратен опход-литија. Утрината ќе се служи Златоустова литургија.

Во септември 2018 година започна проширување на објектот и новиот лик на оваа црква. Целосното проширување е овозможено со помош на донациите од верниците

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *