Спасовски-Ромео: Поддршка за продолжување на реформите, за доследното почитување на Преспанскиот договор, НАТО и ЕУ интеграциите

Силна поддршка на Владата за продолжување на реформите, на добрососедските односи, на интеграциските процеси на нашата земја во НАТО и кон ЕУ и за организирањето и спроведувањето фер и демократски избори, како во претходните три изборни циклуси во изминатите две ипол години, за што е нагласена обврската на сите политички субјекти во Владата била искажана од амбасадор на Италија, Карло Ромео на денешната средба со премиерот Оливер Спасовски.
Заеднички е констатирано, како што соопшти владината прес-служба, дека се потребни јасни заложби од сите политички субјекти за целосна реализација на процесот на НАТО интеграциите, за реафирмирање на дијалогот, што може да придонесе кон договор за законот за јавно обвинителство, иако овој закон не е услов за евроинтеграциите, како и за целосно и доследно почитување на Преспанскиот договор што ги отвори НАТО и ЕУ интеграциите.

Двајцата соговорници оцениле дека периодот до изборите е посебно значаен, земајќи ги предвид очекувањата за полноправно членство на Република С. Македонија во НАТО и за функционалност на институциите според воспоставените демократски и европски стандарди, во пресрет на загребскиот Самит на ЕУ и очекуваниот исчекор во евроинтеграциите.

-Ги направивме сите потребни реформски процеси во изминатите две и пол години и продолжуваме како Влада да работиме во таа насока. Спроведовме три фер изборни цилкуси, во 2017, 2018 и 2019 година и очекувам дека сите политички субјекти ќе бидат на висина на задачата и во оваа 2020 година и ќе спроведеме и организираме фер и демократски избори. Протоколот за членство во НАТО е доставен на ратификација во Собранието, во очекување на завршувањето на техничките процедури во Шпанија и нашите очекувања се за широка политичка поддршка за остварувањето на оваа стратешка државна цел. Како Влада, остануваме посветени и на реализацијата на Преспанскиот договор и на добрососедските односи што ги воспоставивме со соседите и што придонесе за перспективите на нашата држава, истакнал Спасовски.

Претседателот на Владата се заблагодарил на италијанскиот премиер Конте и на италијанската Влада, за поддршката на нашата држава во сите важни развојни и демократски процеси, вклучувајќи ги и Договорот од Преспа, НАТО интеграциите и заложбите на Италија, нашата држава да ги отвори заслужените преговори со ЕУ. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *