Заев – Техада: Швајцарија подготвена да помогне за зајакнување на капацитетите на ДИК и во изборните реформи

Швајцарија е подготвена да помогне за зајканување на капацитетите на Државната изборна комисија (ДИК), на Општинскиот изборни комисии (ОИК), како и генерално во изборните реформи, истакнала амбасадорката на Швајцарија во Македонија  Сибил Зутер Техада на денешната средба со премиерот Зоран Заев.

Премиерот, како што соопшти владиониот Сектор за односи со јавност, ја информирал амбасадорката Техада дека ќе се формира Координативно тело, што ќе работи со претставници на ЕУ, на САД, на швајцарската Влада, како и со сите заинтересирани, за подготовка и имплементација на изборните реформи.

На средбата се разговарало за актуелни политички прашања, како што е зајакнувањето на капацитетите на ДИК и изборните реформи, како дел од реформскиот План 3-6-9.

– Владата е определена за изборни реформи што ќе бидат прифатени од сите политички субјекти во државата. Силно сме посветени на обезбедување независност и капацитетност на ДИК, како и на спроведување на сите други потребни реформи за квалитетен изборен процес. Затоа, за нас е прифатлива секоја помош и соработка што може да ги подобри капацитетите на изборните органи и на институциите вклучени во реализацијата на изборниот процес, рече Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *