Претседателот на Владата Оливер Спасовски денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Турција во нашата држава, Хасан Мехмет Секизќок, на која била потврдена турската поддршка за С. Македонија во НАТО и ЕУ интеграциите.
На средбата, како што информираат од владината Прес-служба, е заеднички констатиран напредок во односите помеѓу двете држави, посебно во областа на економијата, образованието, одбраната, културата.
Согворниците изразеле определби за унапредување на односите меѓу двете држави, за мотивирање на нови турски инвестиции во земјава и за зголемување на трговската размена, која што и сега е на високо ниво, со оглед дека Турција е меѓу десетте држави со коишто С. Македонија има најголема трговска размена.
– Насочени сме како Влада посебно кон економскиот развој на државата. По решенијата на сите други прашања важни за земјата, со посветеност работиме на развојот во областите што се од директен интерес за граѓаните, како што е економијата. Остануваме посветени на сите инцијативи за олеснување на соработката на овој план меѓу нашите две држави. И посебно сме благодарни за континуираната поддршка на Република Турција во остварувањето на нашите стратешки цели, членството во НАТО и напредокот во евроинтеграциите, се наведува во соопштението на владината прес-служба по средбата.
На средбата било оценето дека со полноправното членство на Република С.Македонија во НАТО, се создаваат можности за поблиска соработка меѓу двете земји во областа на одбраната и кон заедничките приоритети во рамки на Алијансата. Изразена била и заедничка определба за борбата против тероризмот и обезбедувањето мир во државите и светот.
Wonderful perspective! The points you made are very enlightening. For further information, visit: DISCOVER MORE. Excited to hear your views!