КАВАДАРЦИ ДОМАЌИН НА КОШАРКАРСКИОТ КУП

Од 16.-18. февруари, во Кавадарци ќе се одржат натпреварите во кошаркарскиот куп на Македонија. Се е познато и околу разигрувањето, така што навистина се очекува во тие дена Кавадарци да биде центар на кошарката во Македонија.

Разигрувањето во Купот ќе биде по системот 1-8, 2-7, 3-6 и 4-5), а екипите се според распоредот на прволигашката табела, 1. Работнички 2. Блокотехна 3. МЗТ Скопје Аеродром 4. Куманово 5. Гостивар 6. Фени индустри 7. АБ Охрид 8. Карпош соколи.

Полуфиналните натпревари ѓе се играат по системот 1-4 и 2-3.

Тоа значи дека Работнички ќе се сретне со Карпош соколи, а победникот ќе игра во полуфиналето со победникот од дуелот меѓу Куманово и Гостивар. Победникот ќе се пласира во финалето.

Во второто полуфинале ќе играат победниците од натпреварите меѓу МЗТ Скопје Аеродром-Фени индустри и Блокотехна-АБ Охрид. Победниците играат во полуфиналето, а поуспешниот оди во финалето.

Во женска конкуренција ќе разигруваат Бадел, Вардар, Пелистер и Струга. Во првото полуфинале че се сретнат Бадел и Струга, а во второто Вардар и Пелистер

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *