Кумановските стечајци задоволни од усвоените измени на Законот за стечајци

Членовите на здружението на стечајни работници „Унит“  од Куманово се задоволни од усвоените измени и дополнувања на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост, односно од  измените на Законот за стечајци.

-Очекуваме од Куманово да бидат опфатени уште 500 стечајци од  поранешните „Кожара“, „Киро Фетак“, „Чик“, „Житомел,„ЗИК“, неколку  градежни фирми. Месечниот надоместок  од 8.000 денари е значаен за оваа категорија граѓани за основни потреби, храна, лекови, изјави Лилјана Ѓеоргиевска, претседателка на „УНИТ“.

Со измените се предвидува на ниво на државата да бидат опфатени дополнителни 1.000 стечајци.

-Останува уште една мала група на стечајци кои немаат 15 години стаж, но се надеваме дека по завршување на изборите ќе се реши и нивното прашање, рече Ѓеоргиевска.

Тие кои ги исполнуваат условите ќе треба да поднесат барање за остварување на ова право до Центрите за вработување.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *