Заврши санирањето на карпата под Градскиот саат во Велес

Заврши санирањето на карпата над тротоарот и улицата „Димко Најдов“, под Градскиот саат во Велес, со што е обезбедена сигурноста на пешаците и возачите на оваа главна улица во градот. Од Општина Велес денеска посочија дека и покрај зимскиот период работите биле изведени со цел да се санираат се поголемите одрони од карпата, а со тоа и да се обезбеди сигурноста на пешаците и возачите кои минуваат на оваа фрекфентна улица што води кон Стариот мост и Долни дуќани и обратно кон Центарот на градот.

Градоначалникот Аце Коцевски, најави дека наскоро ќе се санираат и карпите кои водат од потегот надолу по оваа улица од кај Стар Мост до Долни дуќани, а каде исто така има често одрони од карпите посебно во зимскиот период кога доаѓа до нивно пукање и до одрони на тротоарот и улицата.

Работите, како појасни градоначалникот Коцевски, кој по струка е градежен инженер ги изведе скопската фирма „Гео инк“ кои за санирање прво нанале анкери потоа арматурна мрежа и бетон под притисок со дебелина од 10 сантиметри. а со што проблемот на карпата е трајно решен.

Тој уште додаде дека поради мраз, па сонце посебно во зимските месеци има пукање и на карпите што се на потегот од Стар Мост кон Долни дуќани, а кои наскоро исто така  ќе бидат санирани.

Воедно, како што информираат од Одделението за градежништво при Општина Велес, со подобрување на временските услови и температури над нулата, некаде во март месец. Според најавите што ги добиле од ЈП за Државни патишта, од Општина Велес, информираат дека треба да започне најавуваната голема санацијата на свлечиштето на карпата Цуцка под Долни дуќани.

– Проектот  вреден  над 20 милиони денари ќе го финансира ЈП за Државни патишта, а  вклучува санација на свлечиштето на оштетениот дел од колвозната лента и изградба на потпорен ѕид помеѓу пругата и регионалниот пат, потенцираат од Општина Велес.

Инаку големите одрони од ридот Цуцка кај Долни Дуќани кај Велес се случија на 13 март 2018 година, кога  беше попречен патот Велес – Градско и пругата Велес-Гевгелија, но за среќа во несреќа немаше жртви.

Пругата во тој период за кратко време беше оспособена. Истовремено и едната коловозна лента од патот, но втората коловозна лента скоро две години од несреќата, сè уште е забранета за сообраќај и поради што имаше и сè уште има реакции од граѓаните и сите кои минуваат по овој пат од Велес за Градско.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *