Бектеши на регионален самит за туризам во Тирана

Министерот за економија Крешник Бектеши учествува на Регионалниот самит за туризам „Туризам за солидарност и одржливост“ во Тирана, кој е во организација на Министерството за туризам и животна средина на Албанија и на Светската туристичка организација на Обединетите нации.

Главната тема на овој регионален самит за туризам е да се даде додена вредност на туристичката индустрија во поддршка со управување со природни непогоди и хуманитарни кризи.

На 26 ноември 2019 година Драч и околината беа погодени од силен земјотрес во кој илјадници луѓе ги загубија своите домови и повеќе од 5.000 луѓе во рок од 24 часа беа сместени во хотелите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *