Сите постапки на секој член на извршната власт мора јасно да потврдат дека Владата и државата се во сигурни раце, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски, нагласувајќи дека секој политички чин на членовите на владиниот кабинет во сите линии на хиерархијата треба да произлегува од одговорноста со цел сите граѓани да бидат спокојни.
– Врвен приоритет на сите министри во актуелната Влада без исклучок е да обезбедат континуитет на функционирањето на институциите, на владеење на правото и на демократијата. Да отвориме максимален простор за демократска волја на граѓаните да учествуваат во изборот на нова легитимна влада. Влада која ќе продолжи да ја води Република С. Македонија на вистинскиот пат како членка на НАТО и идна членка на Европската унија, потенцира Спасовски.
Тој нагласи дека сите услуги на граѓаните ќе бидат испорачани во целост, на време и непречено, независно дали станува збор за субвенциите за земјоделците, помошта на социјалните категории на граѓани, покачувањето на платите во јавниот сектори или услугите на администрацијата.
Според Спасовски, земјава мора да организира избори што доликуваат на една европска демократија во согласност со меѓународните стандарди.
Премиерот додаде дека нашата земја се препознава како едно праведно општество за сите, па затоа мора да се одржи тој континуитет на вредностите кои суштински придонесуваат за изградба на модел на заедничко општество за сите граѓани, при што апелираше за елиминирање и за „нула толеранција“ на говорот на омраза.
Excellent content! The way you explained the topic is impressive. For a deeper dive, check out this resource: EXPLORE FURTHER. What do you all think?