Митолошка и теонимска ономастика на Папонија

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Ороними

Делото „Од Панонија до Егеј“ од АнтонијеШкокљев-Дончо и Славе.Николовски-Катин, во издание на „Македонска искра“, Скопје, 2007, 1-196,е напишана со желба да понуди еден научен поглед, еден систематизиран прилог за овие европски простори од праискона, што можеби би било предизвик на одредена пројава на научниците, пред се’ историчарите и лингвистите, за неконформистичка анализа на праисторијата врз основа на новите извори на информации

Источната граница на Панонија и Ѓердапската Клисура ја чинат Карпатите, планински масив со највисок врв од 2544 м. Етимолошки оронимот Карпати е кованица од зборот καρ, καρα, kar kara-гора, врв, глава ио зборотπασχω, παθος, pasho, patos-неволја, зло, несреќа, односно планина на болката и страдањата.

Во неа се наоѓа Тартар, каде Зевс ги фрлил своите победени непријатели Титани. На Тартар божицата Геја му родила син Танaтос (Θανατος) кој е персонификација на смртта. Тој имал свирепо, железно срце, не примал дарови, а го мразеле дури и боговите. Танaтос бил бог кој ги ослободувал смртниците од неподносливи болки.

Карпатскиот планински венец продолжува на југ преку Стара Планина во Источна Србија. Тука се дели на два дела, источен и јужен. Источниот го создава балканскиот планински систем Хема (`Αιμα, hajma-крв, роднина, човек воопшто, сила, живот). Во митологијата Хем бил син на богот Северен Ветер Бореја (βορεας, boreas-север, северен ветер). Хем бил оженет со Родопа (кованица од зборот ροδεος, ροδον,rodeos, rodon-ружа, розев, роса и зборот ωψ, wπος, ops, opos-лице, око, наликува), која го родила синот Хебро (кованица од зборот `ηβος, `ηβη, hebos, hebe-млад, зрелост, напон и зборот ρεω, reo-струја, вода, река), денешната река Марица.

teonim2

Родопските Планини

Највисоки врвови на Родопите е Рила (кованица од ριον, rion-планински врв и зборот λα, λαας, la, laas-камен, карпа, прастар), со висина 2925 м и Пирин (πυρ, πυρα,, pir, pira-огниште, оган, гроб, или πυρην, piren-езеро). Синоним на Родопите е островот Родос кај Додеканез.

Со Родопските Планини е поврзан митот за тракискиот крал Рес, син на Ејонеј. Рес (ρησος, resos од ρηγνυμι, regnimi-да крши, удира) со оружје и со своите коњи ловел по Родопите, а дивите животни сами пристапувале во неговиот жртвеник.

Рес како силен јунак, во последната година на Тројанската војна дошол со Тракијците наоружан со златно оружје и со коњи побели од снег, за да му помогне на кралот Пријам. Меѓутоа, во борбите со Хелените, Рес истиот ден бил убиен, а неговите останки биле вратени во родната Тракија и бил погребан во некоја пештера. Рес станал тракиско божество, сродно на Тракискиот коњаник кој ловел по шумите и планините и како полубог престојувал во со сребро богатата Тракија.

За Рес, славниот трагичар Еврипид (485-406) од Саламина, напишал трагедија. Култот за Рес, тракискиот херој-коњаник и подунавски јавач, се пренесувал од митот во средниот век, сé до св. Ѓорѓе и Крале Марко. Неодамна во пештерите на Источна Србија е пронајдено пештерско сликарство, цртежи на коњи и јавачи, кои настанале во периодот меѓу XV-VIII век пред Христа.

Јужните планински венци на Карпатскиот систем во Србија, носат обично словенски називи, како и поголемиот број планини во Србија, освен некои исклучоци. Така на пример, се смета дека Авала е турски назив, од персискиот збор „avali“, множина „avala“ и значи висок, голем. Меѓутоа, нејзината генеза може да биде од ПБГ, како кованица од зборот aβαλos или αgаλος, (папок, центар). Ономастиката на планината Космај, која е богата со шуми, овоштарници, пасишта, е од ПБГ, од зборот κοσμεω, kosmeo-кити, украсува.

Фрушка Гора е од зборот  Φρουρα – стража, па и Стражилово.

Меѓу Србија и Македонија, лежи Шар Планина (2747 м) чиј антички назив е Скардос, кованица од зборот σκια, σκιαω, skija, skiao-сенка, да засени, темница и другиот збор αρδω, ardo-натопува. Во источниот дел на Шара се наоѓа голема клисура долга 23км под името Качанска Клисура, со истоимениот град. Ономастиката потекнува од κακ, κακος, κακια, kak, kakos, kakia-зол, злочинец, футурот на инфинитивот е κακκανην, kakkanen-да убие, да тргне, додека κακανοι, kakani-непријател.

Продолжува

 Sh Donco  slave

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ – ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *