Без компромис за името балканската стратегија на ЕУ може да пропадне, смета поранешниот премиер и шеф на дипломатијата на Шведска Карл Билд. Според него, за да се реши спорот за името неопходен е ангажман на моќните држави од ЕУ и институции.
– Мислам дека ќе треба сериозно посветување од моќните ЕУ држави и институции за да се стигне до компромис за името. Без тоа балканската стратегија на ЕУ може да пропадне, напиша Билт на својот Твитер профил, споделувајќи ја веста од грчкиот „Екатимерини“ за вчерашниот протест во Атина и процесот за решавање на спорот за името, пренесува МИА.