Писмена реакција за протестите во Атина

Почитувани,

Во врска со масовните протести во Атина за Македонското прашање, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Актуелната Влада на Република Македонија должи одговор каква полза видовме од таканаречените мерки за градење доверба со нашиот јужен сосед? Масовните протести во Атина ја поразија сервилната надворешна политика на Зоран Заев и Никола Димитров!  Што значи кога стотици илјади задоени Грци, под покровителство на Грчката црква низ улиците на Атина извикуваат „Македонија е Грчка“? Што значеше палењето на Македонското знаме во Солун? Што е најавата за нови протести на границата со Македонија? Тоа е иредентизам, средновековен национализам и демонстрација на желба за ништење на Македонија и Македонскиот народ!

Уште повеќе, последната анкета за потребите на Грчкиот „Елиамеп“ покажува поразителни резултати. Огромни 71,5 проценти од Грците се против вклучување на името Македонија во евентуалното решение на спорот. Во март 2016 година истиот процент бил значително помал – 57 проценти. Заклучокот е едноставен. Колку актуелната Влада во Македонија покажува спремност да ги менува имињата на аеродромот и автопатот, да отстранува споменици, толку повеќе Грци се мобилизираат против Македонскиот идентитет. За жал, политичките актери во Татковината до сега не сакаа да ги слушаат предупредувањата на Македонската Алијанса. Грчките политичките лидери се единствени во уцената – ако сакаме да ги оствариме нашите Евроатлански интеграции мора да прифатиме нов идентитет.

Помина времето кога за вакви протести е доволна осуда и протесна нота на МНР! Официјална Атина никогаш немала право да не обвинува за иредентизам. После вакви срамни протести уште помалку! Ова е аларм за меѓународната заедница да го смени пристапот! Потребно е безусловно да ја спроведе пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг!

ВРЕМЕ Е ЗА ШОК ДИПЛОМАТИЈА! БАРАМЕ ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО! НОВ БУКУРЕШКИ ДОГОВОР НЕ ПРИФАЌАМЕ!

НЕ ПОСТОИ СИЛА КОЈА ЌЕ НЕ НАТЕРА ДА ГО ПРОМЕНИМЕ НАШЕТО ВЕКОВНО ИМЕ МАКЕДОНИЈА!

БРАЌА И СЕСТРИ ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател, 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *