ОЛИМПИЈЦИТЕ ЗАМИНАА ЗА ПЈОНГЧАНГ

Денеска за Пјонгчанг каде што ќе се одржат 23. ЗОИ, заминаа претставниците на Македонија. Нашата држава ќе ја претставуваат тројца натпреварувачи, Антонио Ристевски (слалом и велеслалом), Ставре Јада (крос кантри, спринт и 15 км) и Викторија Тодоровска (крос кантри, 10 км).

На денешната мала свеченост, на учесниците успех и среќен пат им посака претседателот д-р Васил Тупурковски.

Освен натпреварувачите, за Пјонгчанг заминаа и Иван Лесевски, тренер, Ѓоко Диневски (тренер), Владимир Пановски (тим лидер), д-р Небојша Настов (лекар, Претседател на здравствена комисија на МОК), Владимир Богоевски (спортски директор на МОК) и Сашо Поповски (Генерален секретар на МОК, водач на делегацијата).

Делегацијата во состав Богоевски и Поповски за Пјонгчанг заминува на 7.февруари.

Знамето на Македонија на свеченото отворање кое ќе се одржи на 9. февруари, ќе го носи Ставре Јада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *