Средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски со кинескиот амбасадор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф – др Христијан Мицкоски со Стефан Андоновски советник за меѓународна односи и дипломатија остварија средба со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија, Џанг Ѕоу.

На средбата се разговараше за односите помеѓу двете држави, актуелната состојба во државата и можностите за соработка.

Мицкоски истакна дека односите помеѓу двете држави се исклучително пријателски, но има простор за дополнително продлабочување особено на полето на економијата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја потенцираше заложбата на партијата за отворени економски односи и економска обнова, поволна бизнис клима која ќе ги привлекува инвеститорите од целиот свет.

Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше Мицкоски ќе биде фокусирана на економски развој кој ќе придонесе за подобар живот. Сегашната состојба е разочарувачка, ниското ниво на инвестиции, и разорената економија создаваат зголемена сиромаштија и иселување на кое мора да му се застане на патот.

Мицкоски истакна дека новата Влада ќе вложи напори за остварување на стратешката цел а тоа е влез на Република Македонија во Европската Унија и забрзана патека по која ќе се движи преку коренити реформи и вложувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *