Сеуште не се завршени истрагите за првиот бран на непотизам од пред една година од страна на Антикорупциската Комисија, а сега веќе имаме нови бранови на непотизам буквално во сите градови во Република Македонија.
Нови вработувања, нови прераспределувања и нови унапредувања на блиски роднини и луѓе на функционерите од СДСМ на раководни позиции.
Свесни за падот на владата кој ги чека, функционерите на СДСМ побрзаа повторно да си ги згрижат и унапредат своите блиски.
Како пример прв град ќе го земеме Штип. Штип сега станува град за пример на непотизам, каде што за да се вработиш или да добиеш раководна функција мора да си брат братучед или роднина на некој функционер.
Штип стана дувло на непотизам каде што владеат 5 семејства со целиот град.
Ајде да почнеме со ред. Најпрвин вработени и унапредени е прва братучетка и зетот на Шекеринска, сестра на директорот на затворот во Штип. Именувани на раководни позиции и ќерките на поранешниот пратеник Рамбабов.
Мики Тодоров, поранешен втор човек во СДСМ Штип, инаку секретар на општинската организација е поставен за директор на затворот во Штип без соодветно образование и спротивно на закон и без ниту еден ден работно искуство. Не бележи некои успеси во работењето, дури имаше и бунт во затворот од страна на затворениците, но бележи успеси во вработувањето своите роднини. Истиот Мики Тодоров си ја вработил сестра му како библиотекарка во ООУ „Тошо Арсов“.
Втор пример, ќерката на екс пратеникот од СДСМ Рамбабов, Емилија Рамбабова е назначена за нов директор на медицинското училиште во Штип, додека пак сестра и на Емилија, односно втората ќерка на поранешниот пратеник Рамбабов е назначена за нова директорка на Клиниката за нефрологија во државната болница во Скопје.
Трет пример, нормално покуса не останала ниту Радмила Шекеринска, каде што имаме пример нејзината прва братучетка Дијана Шишкова е именувана за началник на инфективно одделение во Клиничка Болница Штип, а нејзиниот сопруг, односно зетот на Шекеринска е назначен за раководител на одделението за ортопедија.
Ова се само дел од примерите на непотизам каде што СДСМ јасно покажуваат со ова дека се уплашени од претстојните избори.
Свесни дека ќе паднат од власт, ја окупираат државната и јавната администрација со нивни блиски роднини, вршејќи непотизам од највисоки размери.
Оваа епидемија на непотизам која со тек на време, изминатата година прерасна во чума низ целата држава мора да прекине.
Се ближи 12-ти април, и веднаш потоа почнува обновата на Македонија. Одговорност за се, мора да има и ќе има.
Новинарско прашање: Предлогот на техничкиот министер за внатрешни работи Наќев за Ристо Ставревски да биде началник на СВР Скопје не бил прифатен од заменичката Петровска. Дали имате информации за ова и како ја коментирате?
Од она што можам да го кажам односно да го искоментирам сепак одлуката за именување на професионалци во МВР е одлука на министерот, Наќе Чулев. Се работи за сите именувани лица, лица со чисти биографии, со долгогодишно искуство, професионално искуство во МВР. Верувајте дека сите оние апарати кои што ги имаа во рацете СДСМ и владата и Зоран Заев како што беше СЈО каде што преку него уценуваа за свои политички цели- луѓе, доколку имало некакви подобности да го направат тоа и доколку имало навистина нешто за што би можеле да ги уценуваат овие луѓе кои што во моментов се именувани, верувајте дека немало да останат покуси и ќе биле тие луѓе веќе предмет на уцени од страна на СЈО. Како што реков она што можам да го искоментирам се работи за професионалци кои што во својата област работат долги години и професионално си ја вршат својата задача.
Новинарско прашање: Ставревски се спомнува во бомбите за изборни нерегуларности. Имајќи предвид дека ова влада е техничка влада за изборите дали мислите дека овој човек има доволно интегритет за ова?
Од споменува до обвинет има голема разлика. Многу луѓе беа предмет на споменување од страна на СДСМ, се со цел да бидат оцрнети или да бидат тргнати на страна од своите работни позиции, бидејќи си ја работат својата работа професионално за да не им сметаат на СДСМ и на Заев во исполнувањето на своите лични и партиски интереси. Така да не би имал што повеќе да коментирам. Сите знаеме како функционираше СДСМ, сите знаеме како функционираше Зоран Заев со сите оние уцени, закани, тероризирање на луѓе.
Новинарско прашање: Вчера во Собрание пратениците на СДСМ предложија закон за да не можат да застаруваат кривичните дела во судството посебно тие од политичарите и функционерите. Исто така од вашата партија најавија дека ќе додадат уште други, или амандмански ќе интервенираат или со дополнителен закон. Што конкретно според вас треба да се достави и дали навистина е прифатено ова законско решение?
Го посочуваме претпоставувам предлог – законот кој што го поднесе пратеникот Кирацовски. Според мене стојам на истиот став во однос на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кој што ја даде изјавата. Меѓутоа најнапред пред да го повторам ставот и пред да ги повторам оние начела кои што се залагаме во однос на законот каде што ќе ги предложиме и оние предлог измени односно дополнувања во законот морам да искоментирам дека можеби е спорно што едно вакво лице како Кирацовски кој што беше споменувано во јавноста, споменувано во најголемиот случај на рекетирање поднесоа ваков закон. Според некои информации кој што дојдоа до нас тој закон кој што го поднесоа Кирацовски и баш и не се согласуваат останатите колеги пратеници на СДСМ од неговата пратеничка група и најверојатно го на некој начин форсира самиот Кирацовски тој закон за да се испере жаргонски кажано пред јавноста за сите оние работи и ситуации кој што беше споменуван наназад оваа година во случајот Рекет и сите оние останати споменувања во одделни случаеви на тендери и криминали. Тоа е во однос на човекот кој што го поднесува законот а во однос на оние предлог измени кој што и дополнувања кој што ќе ги предложиме како што знаете нашата програма се базира на три столба едниот е право и правдина односно нулта корупција, вториот е економија и третиот е дигитализација на општеството. Нормално првиот столб кој што е право и правдина го подржува и секако го поздравува овој предлог закон меѓутоа ние исто така ќе побараме секој еден кој што ќе се бави со политика и кој што има намера да се бави да му се врши потекло на имот, исто така ќе побараме аболицирани, амнестирани лица да не можат повеќе да се бават со политика и нормално да не застарат сите оние дела на висока корупција кој што најверојатно можеби една од причините кој што го поднесува овој закон токму Кирацовски е за на некој начин да се заштити доколку нешто правел во минатото од сопствениот криминал да може подоцна да биде на некој начин амнестиран.
Новинарско прашање: Тоа за потеклото на имотот СДСМ го прифаќа го прифаќа и делот можеби и за идна забрана за аболиција рекоа ќе размислат но она што не го прифаќа е барем Кирацовски вчера го одби е аболицирани веќе аболицирани политичари да се бават со политика. Тој си имаше свое објаснување дека би можело да настане некаква злоупотреба односно искористување за да се елиминираат преку аболицијата и потоа забраната за политичко учество политичките противници. Дали вие вашите барања ќе ги условите со поддршката што ќе ја давате за неговата измена на законот во делот на застареноста односно дали поставувате услови?
Јас го разбирам Кирацовски во однос на неговите барања и што е исплашен како за неговиот шеф Зоран Заев така и за можеби луѓе кои што можеби имаат намера да бидат амнестирани од страна на нивниот претседател Пендаровски за целиот криминал наназад што го правеле но времето на таквите политичари заврши. Најпрвин пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ мора да го види законот односно предлог законот бидејќи се уште текстот не е стигнат кај нас да го разгледа, веднаш потоа ќе настапи со дополнувањата и ќе ги каже сите оние да не речам услови туку да кажам поединечни предности и аномалии на законот како подоцна би се договарале за негово гласање. Нормално, законот кој што ние би го изгласале како пратеничка група и како политичка партија ќе биде закон кој што ќе биде од корист на сите граѓани за сузбивање на криминалот а не закон за заштита на поедини политичари кои што можеби има сомнеж дека вршеле криминал.